13 Мај, 2024
0.0262

СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА: Алкохол ќе може да се купува нон стоп!

Објавено во: Економија 10 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во финална фаза се законските измени со кои ќе нема временско ограничување за продажба на алкохол, дознава Фактор.

Новите законски решенија наскоро ќе се најдат на владина седница, а ги подготвува Министерството за економија. Оттаму засега нема официјален одговор што точно се менува, сепак според информациите на Фактор, комплетно ќе биде симнато временското ограничување за продажба на алкохол.

Според постоечкото решение, алкохол сега може да се продава до 19 часот во зима и до 21 часот во лето, но со новите законски решенија, тоа нема да важи и ќе може да се продава во било кое време.

Но, освен ова сеуште е неизвесно дали алкохол ќе може да се продава и на бензинските станици, иако за тоа постои идеја, сепак не е прециразана. Отворени се дилемите дали тоа да се овозможи, и за кој вид на алкохол.

Според информциите на Фактор, и натаму ќе има забраната за продажба на алкохол на тезгите на зелените пазари.

Барањето за укинување на забраната за продажба на алкохол по 19 часот во зима , односно по 21 часот во лето, ја побараа од Стопанската коомора на Македонија. Оттаму посочуваа дека таквата забрана не ги дала очекуваните резултати.

Анализата на комората како и резултатите од Извештаите на Институтот за јавно здравје, на кои се повикуваат во Стопанскта комора, покажуваат дека забраната изминатите девет години не само што не придонела за намалување на алкохолизмот меѓу Македонците, посебно младите, туку и им нанаела штета на производителите на алкохолни пијалоци, на трговците и државата.

„Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за 2016 година, се констатира дека консумацијата не е само појава кај возрасните, туку и кај младите чиј број од ден на ден станува се поголем. Од ова произлегува дека единствена ефикасна мерка за намалување на достапноста на алкохолот кај младите е доследната и ригорозна примена на законските одредби за забрана на продажба и точење на алкохол на лица под 18 години, а не прохибиција за сите“– посочи неодамна оперативниот директор на комората, Елена Милевска Штрбевска.

Според податоците, во изминатите години над 5.500 трговски објекти од вкупно 13.000 се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет, но затоа има пораст на нелегално производство и трговија на алкохол.

„Ограничувањето директно го стимулираше производството и тргувањето со алкохол „на црно“, за што не се плаќаат акцизи и даноци, а пијалоците се широко достапни за целокупното население и се со сомнителен квалитет. Тоа им нанесе штета не само на трговците и производителите кои легално работат, туку ги скрати и приходите во државниот буџет“ – рече Милевска-Штрбевска.

Според неа, државата има низа мерки што може да ги примени и со нив даа ја намали злоупотребата на алкохолот, но тоа не треба да биде преку рестриктивни мерки за бизнисите, бидејќи во европски и светски рамки, Македониија по консумирање на алкохол е на ниско ниво.

„Македонија има далеку пониска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот,ако се има предвид дека просечната потрошувачка на алкохол по глава на жител во 2015 година воземјава изнесувала 5,7 литри што е значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жите“, објаснува  тврди Милевска Штрбевска.

Милевска, се повика и на податоците од Светскатаздравствена организација,според кои од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци, во Македонија најмногу се консумира пиво 47,4 отсто,  а вино 39,9 отсто, додека останатите пијалаци се конзумираат со 12,6 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци.

„За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска потрошувачката на пиво се движи и до 75 литри по глава на жител, додека потрошувачката на вино е околу 25 литри со што далеку се надминува домашниот просек. Притоа, иако Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци консумира само 9-10 отсто од вкупното производство на вино“ додаде Милевска.

Податоците покажуваат дека просечната консумација на пиво во земјава се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри.

„Согласно овој параметар ние сме многу далеку од Германија каде што годишно се пие по околу 120 литри пиво и Чешка каде се консумираат близу 160 литри пиво по жител годишно, а во ниту една од овие земји или во останатите членки на ЕУ, не постојат законски ограничувања за продажбата на алкохолни пијалаци како овие во Македонија – додаде Милевска-Штрбевска.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ пред пет години го донесе законот со кој се забрани продажба после 19 во зима, и после 21 часот во лето, со образлпжение дека на тој начин ќе се влијае да се намали конузмирањето особено кај младата популација. 

Р.Ф.





преземање на дел од веста е можно само со активен линк кон страницата на Фактор

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?