Северна Кореја го предупредува Западот: Санкциите само ќе ја забрзаат нашата нуклеарна програма
Објавено во: Свет 19 Септември, 2017
Новите санкции наметнати за Северна Кореја се „свирепи, неморални и нехумани“, и само ќе ја забрзаат нејзината нуклеарна програма, предупреди денес северникорејското Министерство за надворешни работи во соопштение кое го пренесе агенцијата КЦНА.
Новата серија санкции која Советот за безбедност ја усвои минатата недела претставува непријателски акт со цел на физичка елиминација на севернокорејскиот народ“, соопшти министерството.
Осмата серија санкции на ОН е усвоена на 11 септември и го казнува Пјонгјанг поради спроведување на нова нуклеарна проба.
Северна Кореја минатата недела ги осуди како злосторнички санкциите со кои и се забранува извоз на текстил и намалување на снабдевањето со нафта што би можело да ја чини две милијарди долари.
Северна Кореја во петокот 15 септември истрела балистичка ракета преку територијата на Јапонија.
САД наведоа дека ќе го искористат Генералното сбрание на ОН кое заседава оваа недела во Њујорк да побараат целосна примена на меѓународните санкции против Северна Кореја.