СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ МИНИСТЕР: Трамп e ментално пореметен човек полн со мегаломанија
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
Шефот на дипломатијата на Северна Кореја, Ри Јонг Хо го нарече претседателот на САД, Доналд Трамп “ментално пореметен човек полн со мегаломанија”.
Највисокиот дипломат на Северна Кореја го нападна Трамп, велејќи дека претседателот “ја претвори Белата куќа во бучно место за маркетинг полно со звуци на абакуси, а сега се обидува да ги претвори И ОН во гангстерска мрежа каде што се почитуваат парите а крвопролевањето е на агендата на денот “.
Тој изјави дека нападот на американското копно е “неизбежен”, во говорот што го одржа на Генералното собрание на Обединетите нации.
Говорот на Ри Јонг Хо започна откако Пентагон објави дека американски бомбардери и борбени авиони летаат најблиску до севернокорејската демилитаризирана зона во овој век.
Во говорот пред Генералното собрание денес Ри изјави дека “никој друг освен Трамп не е во самоубиствена мисија” и вети дека навредите на претседателот ја прават “посетата од нашата ракета на копното на САД неизбежна”.