21 Септември, 2024
0.0680

Шефицата на ММФ предупредува: Ако не се ублажи инфлацијата ќе има „луѓе на улица“

Објавено во: Финансии 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

- Важно е да се мисли дека ова сложено влијание на повеќе кризи веќе го тестира трпението и издржливоста на луѓето. И ако не преземете акција за да ги поддржите најранливите, ќе има последици - и кажа Герогиева на Кристијан Аманпур на Си-Ен-Ен.

Таа предупреди дека, доколку не се намали инфлацијата, ќе им штети на најранливите, бидејќи експлозијата на цените на храната и енергијата за оние на кои им е подобро е непријатност - за сиромашните луѓе, трагедија. 

- Затоа, ние прво мислиме на сиромашните луѓе кога се залагаме за силно да ја нападнеме инфлацијата - рече Георгиева.

Централните банки ширум светот немаат „никаков избор“ освен да ги зголемат каматните стапки во обид да се борат против инфлацијата, додаде таа.

- Фискалната политика, ако великодушно им помага на сите, всушност ќе биде на патот на монетарната политика, таа би била непријател на монетарната политика, бидејќи ја зголемувате побарувачката и тоа ги турка цените повторно нагоре, а потоа треба да има повеќе заострување. Критичното прашање пред нас е да ги вратиме условите за раст, а стабилноста на цените е критична состојба - додаде таа.

Настаните што доведоа до зголемување на цените - главно Омикронската варијанта на Ковид-19 и руската инвазија на Украина - „ја направија инфлацијата денес наш најголем непријател“.

Георгиева предупреди дека ако оваа година е тешка, следната година потешка. 

- За само кратки три години: пандемијата (се уште не е завршена), војната, инвазијата на Русија ги зголемува цените на енергијата и храната, а потоа резултатот е криза на трошоците за живот - рече таа за Си-Ен-Ен.

На прашањето за зголемувањето на поддршката за екстремно десничарските кандидати како Италија и Шведска, Георгиева рече дека „не е изненадена кога гледа како луѓето се лутат. Тие се затворени во своите куќи со месеци, и месеци и месеци. Тие гледаат дека цените драстично скокаат. И затоа мојот апел до креаторите на политиката е „бидете внимателни“.

„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа. Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација.

Шефицата на ММФ и рече на Аманпур дека настаните што предизвикаа зголемување на цените - главно варијантата Омикрон на Ковид-19 и руската инвазија на Украина - „ја направија инфлацијата денес наш најголем непријател“.

„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа.

Фото: EPA/ NOUSHAD THEKKAYIL

Можеби ќе ве интересира

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците