01 Мај, 2024
0.0241

Шер го нарече Трамп „шу*ак“

Според зборовите на 70-годишната пејачка и актерка, претстојните избори за претседател на САД ќе ја променат земјата и ќе имаат клучно значење за следните 40 години, а луѓето, кои ќе бидат најоштетени, се младите.

Објавено во: Стил 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Рок легендата Шер го нарече кандидат-претседателот на републиканците Доналд Трамп  „шу*ак“. На младински форум во Отава, таа рече дека се чувствува „трауматизирано“ од Трамп и неколку генерации ќе бидат оштетени, ако тој биде избран за претседател.

- Се обидувам да ги измерам зборовите .., но не сум добра во тоа - тој е „шу*ак“, рече Шер за време на дискусијата во која учество зедоа и Боб Гелдоф и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.

Според зборовите на 70-годишната пејачка и актерка, претстојните избори за претседател на САД ќе ја променат земјата и ќе имаат клучно значење за следните 40 години, а луѓето, кои ќе бидат најоштетени, се младите. 

- Видете, изборите нема да влијаат на мене, јас имам 70 години, на мене нема да влијаат. Тие сепак имаат однос кон младите луѓе и тоа е она што вистински ме плаши и загрижува, коментира уште пејачката за евентуалниот избор на Трамп.