Шокантен повик за грчките протести - Доаѓаат комитите
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2018 11:53
Националистите и неофашистите во Грција изработија шокантен постар со кој го повикуваат народот да излезе на протестот закажан за 4 февруари со навредлива содржина. На постерот пишува „Комитите ни се пред врата. Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“.
Протестот е поддржан и од свештеници на грчката црква, а продолжува жестокиот говор на омраза против Република Македонија. Грчките националисти ќе се соберат на плоштадот „Синтагма“, а најавено е и присуство на анархистите кои посочија дека се можни судири и инциденти.
Грчката јавност се окупира со темата дека не треба да се дозволи во новото име кое ќе биде дел од решението за спорот да стои терминот „Македонија“.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




