ШПАНСКИТЕ ВЛАСТИ ГО БАРААТ: Што бара Пуџдемон од Брисел?
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2017 16:17
Екс каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон ги повика своите поддржувачи мирно да му се спротивстават на Мадрид во обидите да ја преземе контролата на каталонските институции.
Според нив, „Пуџдемон е и ќе биде претседател”, напиша неговиот подпреседател Ориод Јункерас во каталонски медиум.
Белгискиот министер за азил и миграција, Тео Франкен викендов изјави дека Пуџдемон би можел да побара азил во Белгија по одлуките на шпанската Влада. Министерот исто така се прашува дали Пуџдемон, со оглед на однесувањето на Мадрид, би имал праведно судење во Шпанија.
Франкен е член на националистичката фламанска партија НВА која не ги крие своите сепаратистички амбиции и е една од ретките партии во ЕУ што го поддржува каталонското барање за независност.
Партијата на Пуџдемон најави дека ќе учествува на регионалните избори што за овој регион ги распиша Мадрид на 21 декември, откако ја презеде контролата врз Каталонија.
Инаку, шпанскиот обвинител поднесе тужби против членовите на каталонската влада поради „бунт” и предизвикување на институционалната криза која доведе до прогласување на независноста. „Бунт” е еден од најтешките престапи во Шпанија и може да донесе 30 години затвор, исто онолку колку е терористички акт или убиство.
Помеѓу обвинетите е и Пуџдемон кој од утринава се наоѓа во Брисел.
Според шпанските медиуми, тој ќе бара политички азил.
Светските медиуми објавија дека сопругата на Пуџдемон, Марсела Топор, непосредно пред прогласувањето на независност на Каталонија се вратила во родната Романија со нивните две деца.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




