18 Декември, 2025
0.1653

Што е Google Jigsaw и како може да придонесе за Македонија?

Објавено во: Анализа 19 Септември, 2017 07:50

Добивај вести на Viber

Вчерашната вест за средбата на премиерот Заев со Џеред Коен, директорот на Google Jigsaw во Њујорк даде доста позитивни сигнали. Сепак, прашањето е што е всушност Google Jigsaw и со што се занимава оваа ќерка фирма на конгломератот Alphabet кој корпоративно го управува интернет гигантот Google.

Google Jigsaw е всушност технолошки инкубатор кој поддржува и финансира идеи за спречување на глобалните закани, за наоѓање на геополитички проблеми и стои зад изработката на многу важни софтверски алатки кои придонесуваат за слободата на говорот како и за соочување со многу интернет аномалии.

Инкубаторот најпрво се нарекуваше Google Ideas што со самото име доволно говори за неговите определби да биде интелектуалното крило на Google кое ќе има политичко и општествено влијание, ќе биде дел од тековните општествени процеси и ќе може да влијае преку софтверските програми. 

Google Jigsaw сега се занимава со доста значајни прашања како што е справување со малтретирање преку интернет, се обидува да обезбеди алатки за заштита на новинари и активисти, заштита на приватноста со сајбер просторот, безбеден интернет во репресивни општества, спречување на ширење на терористичка пропаганда и уште многу други проекти кои се во развојна фаза и допрва ќе добијат верзија која ќе биде наменета за корисниците. 

Отвореноста на Google Jigsaw како и политичката ангажираност може да бидат и од корист за Македонија, особено за млади и талентирани програмери кои имаат свежи идеи како да решаваат конкретни општествени проблеми со софтверски алатки кои би имале глобална апликативност. 

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување