Што им вети Заев на рударите?
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Македонска Каменица порача дека рударите ги добиваат назад своите права, ќе се отворат нови работни места со просечна плата од 30.000 денари.
Оваа власт заминува, доаѓа живот во Македонија, рече тој.
„Груевски ги пакува куферите, заминува од власт, се враќа власта во народот. Ќе го вратиме стариот закон за пензионирање на рударите, не може бенефициран стаж да има секој, а рударите да се мачат. Останаа и овде во Македонска Каменица родители солзи да леат, по Скајп да ги гледаат своите деца. Ние се што имаме проектирано се однесува на нашата младина. Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра за нови работни места“ - рече Заев.
Вечерва опозицијата е на митинг во Делчево.