28 Март, 2024
0.0272

Што ќе прават Села и Ахмети по посетата на Хан?

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика влера покрај со државниот врв одржа средби и со лидерите на политичките партии, меѓу кои и партиципиентите во Владата на Република Македонија, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Али Ахмети од ДУИ меѓу кои постојат искри, особено по спротиставувањето на локалните избори и тешките меѓусебни обвинувања кои ја доведоа во прашање владината коалиција.

Според изјавите на Села, на средбата со комесарот Хан било разговарано за неопходните реформи кои како обврска ги има оваа влада на патот кон ЕУ. Разговарале и за политичката ситуација во земјата по локалните избори, како и за предлозите и сугестиите кои Алијансата ги допринесува во работењето на владата со фокусот на реформите. Села вели дека треба да се направат големи промени во владеењето на правото кои ќе ги почуствуваат сите граѓани бидејќи само така реформите ќе имаат смисла.

Од исто така важниот владин партнер Ахмети може да се анализира дека се испратени слични пораки за заложбата за реформи со улогата која ДУИ ја има на политичката сцена во Македонија без премногу да се задржи на актуелните политички случувања. За Ахмети е поважна европската агенда и влезот во НАТО, како и реформите во правосудството кои за ДУИ се меѓу главните приоретите, се дел од темите за кои било разговарано на средбата со комесарот Хан.

Барем од овие изјави може да се заклучи дека актуелната коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците не е распадната и ќе продолжи да функционира бидејќи многу поважни се реформите кои се ветени како пред македонските граѓани кои дадоа поддршка на избори, така и пред партнерите од меѓународната сцена за нашето доближување до европските политички стандарди што е долгорочен стремеж. 

Се чека и комплетирање на испразнетите места во владата од министрите и замениците кои преминаа во локалната власт. Партијата на Села би требало да го задржи министерството за здравство за што тие веќе поднеле нов предлог до Заев кој ќе биде разгледан во следниот период, а исто така треба ако ништо друго барем да се нормализираат односите со ДУИ иако е јасно дека овие две партии од албанскиот блок ќе продолжат да си опонираат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење