Што пишуваат грчките весници по посетата на Нимиц?
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2018 14:30
„Метју Нимиц во Скопје, со предлозите од Коѕијас“, „Нимиц: Време е за одлуки“, „Преговори без временски рок“, „Спогодбата в фокусот на разговорите на Нимиц и Коѕиас“, „Нимиц: сега е соодветно време за решение“ се дел од насловите кои осамнаа во грчките медиуми.
„Задржувајќи ја доверливоста на содржината на разговорите, министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, нивната средба во Атина ја карактеризираат како „креативна и продуктивна“, а јавно се согласија дека прашањето за името на ПЈРМ веќе е созреано кон решение“ - пишува весникот „Нафтемборики“.
Новинарите во Грција ги пренесуваат изјавите на медијаторот Метју Нимиц и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас по вчерашната средба и коментираат дека Нимиц од Атина заминува за Скопје, каде што ќе разговара за неговите, но и за грчките предлози и идеи.
„Се очекува Нимиц на раководството на ПЈРМ да му ги пренесе грчките предлози за решавање на името, додека, пак, ќе разговараат и за предлозите, односно како што самиот рече „неговите идеи“ за името“ - пишува информативниот портал Ин.
Нимиц по Атина ќе престојува во Скопје каде со државниот врв ќе се зборува за спорот со името.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




