19 Декември, 2025
0.1164

Што треба да знаете пред да купите акции во „Топлификација“?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2017 06:56

Добивај вести на Viber

Во интерес на целосно и објективно информирање на потенцијални инвеститори и мали акционери кои наместо да штедат во банка вложуваат во акциите „Фактор„ како и многупати досега дава важни факти за компании чии акции котираат на берзата. Во овoј текст предмет на  бриф разработка е „Топлификација“.

„Топлификација“ е единствена компанија која поседува постројки и опрема за затоплување на Скопје.

Приходот од закуп за првите девет месеци е 800.000 евра.

Расходот за камати, отплата на рати е 863.000 евра за првите девет месеци.

На крај на 2016 година „Топлификација“ на банките им должи 1,066 милијарди денари

„Топлификација“ води судски спорови за наплата на 1,339 милијарди денари кои се нејзини побарувања од ТЕ-ТО, централата за производство на струја и на топлина. За сите позајмици кон ТЕ-ТО , „Топлификација“ има покренато судски спорови. Од нив за побарување во износ од 383,6 милиони денари по две судски пресуди на прв степен и уште две пресуди на втор степен ( второстепените се на штета на „Топлификација“) во тек е ревизија покрената од „Топлификација“ пред Врховен суд. За побарувањето од 930,6 милиони денари од ТЕ-ТО во тек е судски спор пред првостепен суд.

„Топлификација“ ја тужи и Регулаторната комисија за енергетика од која побарува оштета од 968,9 милиони денари за штета настаната од разлика меѓу остварени, но непризнаени трошоци од регулирана дејност во период од 2006 до 2009 година.

„Топлификација“ од почетокот на 2013 година ја дава под закуп својата опрема за производство на топлинска енергија. За закуп на опрема и недвижности „Топлификација“ лани инкасирала 38,57 милиони денари.

Заради настанати проблеми кои произлегуваат од закупот на основните средства кои не се решени со закупопримателот„Топлификација“ ќе ги решава по судски пат. Тоа дополнително носи неизвесност во иднина во односите со закупопримателот.

До крајот на 2016 година побарувањата на „Топлификација„ со нејзини 4 фирми – ќерки за испрачана топлинска енергија изнесуваат 795,3 милиони денари.

Лани „Топлификација“ наплатила побарувања во износ од 1,5 милиони евра.

Претседателот на Управен одбор на „Топлификација„ лани имал бруто плата од 17.000 евра.

Книговодствено акцијата вреди над 3.870 денари и е повеќе од двојно повредна од нејзината последна пазарна цена.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии