Што вклучува привремениот договор за разводот на Џоли и Пит?
Објавено во: Стил 01 Октомври, 2016
Анџелина Џоли добива право да се грижи за шесте деца, а сопругот Бред Пит ќе може да се гледа со нив.
Такви клаузули вклучува привремената спогодба за разводот на двете холивудски ѕвезди, соопшти весникот TMZ.
На првото гледање со децата, Бред Пит ќе треба да биде придружуван од психолог, предвидува уште договорот меѓу двајцата. Договореното меѓу Џоли и Пит ќе се смета за валидно три недели откако ќе биде објавена одлуката на судот.