29 Март, 2024
0.0291

Си молчат и си трошат, една мала група „патриоти“

Објавено во: Економија, Колумни 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Реализираат проекти пред да распишат тендери за јавна набавка, вредноста во анексите на договорите се повисоки од самите договори, раскошно ги наградуваат странските инвеститори, јадат бифтеци од 5000 денари, пролупуваат службени возила надвор од работно време, за патни трошоци добиваат цели богатства, купуват станови за своите велосипеди. И на крајот, никому од нив ништо не им фали. Ова е само еден краток сегмент од описот на „одговорното“ и  бахато однесување на властодршците. Може уште многу што да се додаде, но вистината е една, ако  не дојде  до промена на власта ситуацијата само дополнително ќе се усложнува.

Доколку останат неказнети, нема да има и зошто да го менуваaт воспоставениот систем кој победува. Тие и понатаму ќе продолжат раскалашено да трошат, а како и досега, отчетот за потрошеното воопшто нема ни да го достават. Нивните манипулации се бескрајни. Веќе научивме дека во комуникацијата со оваа власт доминираат полувистини, лаги и молк. Просто не знаеш што е полошо.

Се’ што се знае или насетува за состојбите во економијата упатува на опасност од нејзино колабирање, а она што не се знае и бесрамно се прикрива  е дополнителен товар кој го забрзува  одот кон провалијата. Станува збор за многу дубиози кои ги влошуваат состојбите, а за нивното надминување  ќе треба уште поголеми напори и средства отколку што очекуваме, затоа што и не знаеме што се’ има во пандорината кутија.

Само нова власт може да открие што се’ се крие зад бегањето да се дебатира и да се информира јавноста.  За постојната, тоа е начин на владеење. Целта е јавноста да се дозира со информации  за да се оствари поголем простор за „лов во матно“. Помалку информираните немаат аргументи за да формираат сопствено мислење, па не им останува ништо освен да им веруваат на ставовите на властите или да се сомневаат во нив. А бидејќи сомневањето се квалификува како предавство, вистина е само она што кажуваат властите.

Во овој контекст не е случајно што не транспарентноста најмногу дојде до израз  во прибирањето и трошењето на буџетските средства. Тие се материјална основа за манипулирање со јавноста и за остварување на  личните  и групните интереси на власта. Затоа тука се генерираат и најголемите дубиози кои, веројатно, ќе се покажат како рак-рана која ќе го отежни заздравувањето на стопанството.

Очигледно е дека власта бега од можноста да се открие вистината за состојбите во стопанството и државата. Таа сака да не се знае висината на износот на јавниот долг, односно да се верува во износот што таа го објавува. Доколку јавно дебатира, ќе мора да објасни дали долгот не е потценет ако во него не се целосно опфатени долговите на општините и државните гаранции за општините и јавните претпријатија. Ќе мора да дадат и информација за износот на неплатените обврски спрема доверителите воопшто и посебно за побарувањата  на доверителите со подолг рок на достасување од година дена.

Ќе треба да објасни зошто, и покрај интензивниот пораст на јавниот долг, се’ уште, веќе цела деценија, обезбедува привилегирана позиција на државата и јавните претпријатија во системот на плаќања. Не ги слуша ли писоците од бизнисмените за астрономските меѓусебни неплатени побарувања, во кој лавовски дел секако има и државата, како најголем „бизнисмен“ во неа. Опозицијата го согледува проблемот и веќе го поставува во приоритетите за решавање. Меѓутоа, прашање е дали го знае обемот на проблемот и како тој ќе се одрази врз развојните перформанси на економијата.

Власта не е подготвена да дискутира  ниту за цената на привлекување на странските директни инвестиции. Особено се тајни информациите за субвенционирањето на придонесите од платите на вработените во ТИРЗ-овите. Има ли некој да каже, какво е нивното влијание врз  порастот на дефицитот во пензискиот фонд? Особено, по проширувањето на споменатата практика  на субвенционирање на придонесите и за вработувањата во домашни фирми. Меѓутоа, како може да дискутира кога од една страна го создава дефицитот, а од друга се претставува како душегрижник за пензионерите и „донатор“ во здравствените институции, преку издвојување на се’ поголеми средства од буџетот.

Избегнувањето да се информира и дискутира за споменатите проблеми секако дека има силна корелација и со стравот на власта, низ тие постапки, да не ја  покаже  раскалашеноста во трошењето на буџетските средства и некомпетентноста во остварувањето на фискалната консолидација на земјата. Пет години ветува намалување на буџетскиот дефицит со намера да се отвори процес на намалување на степенот на задолженоста на земјата, а од ветувањето нема ништо. Буџетскиот дефицит се зголемува, а јавниот долг веќе надмина 50% од БДП.  Ако на тоа се додадат и можните дубиози во финансиите на земјата, молкот на власта многу зборува. Зборува за тоа како се обезбеди бахатото однесување да стане систем на владеење што се храни од раскалашеното трошење. И тоа трошење на народни пари во името на личните интереси и фрустрации на мала група на „патриоти“. 

Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!