18 Декември, 2025
0.0839

СИЛЕН ПАД ВТОР ДЕН: Биткоинот се преполови

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2018 13:05

Добивај вести на Viber

Пазарот на дигитални валути забележа прилични големи загуби бидејќи главната валута биткоинот падна под 11 000 долари.

Тоа ниво е 45 отсто пониско од 20 000 долари колку што биткоинот достигна пред само месец дена. Етеруимот исто така падна под психолошката граница од 1000 долари и на пат е да го изгуби се она што го достигна во 2018.

„Ripple“ падна за повеќе од 20 отсто и се тргувал на 1,15 долари. Ова, може да се каже дека е негов трет колапс од 4 јануари.

Биткоин кеш, лајткоин, и други топ валути исто така паднаа 25 и повеќе отсто.

Повод за колапсот била веста дека во Јужна Кореја затворањето на тргување со криптовалути и понатаму е опција. Понатаму, Кина која прва почна да воведува мерки кон таа индустрија лани, зголемува ограничување на тргувањето со дигитални валути, посебно онлајн платформа и мобилни апликации кои нудат услуги на берзански тип.

Нил Вилсон од финансиската фирма ETX Capital рекол дека ги слушнале извештаите дека Јужна Кореја, Кина и Јапонија разгледуваат заземање на заеднички пристап кон регулирање на тргувањето со крипотовалути како и дека постои предлог закон во САД кој ги доведува во прашање дигиталните валути.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа