Силен земјотрес ја погоди Јапонија
Објавено во: Свет 27 Септември, 2017
Земјотрес со јачина од 6 степени на Рихтер ја потресе Јапонија.
Како што објави јапонската метеоролошка агенција, епицентарот е во Тихиот Океан, источно од префектурата Јуи, а потресот бил на 30 километри длабочина.
Нема информации за настрадани и урнатини, нема опасност од цунами.
Потресот бил почувствуван во 17 префектури во североисточна, северна и централна Јапонија, вклучувајќи ги префектурите Хокаидо, Аомори и Мијаги.