Силјан Мицевски, од градоначалник на СДСМ до олигарх на ВМРО ДПМНЕ?
Објавено во: Економија 09 Април, 2015 10:16
Името на Силјан Мицевски во минатото се поврзуваше и со неколку други финансиски афери. Битолската јавност шпекулираше оти во 1997 година без одлука и одобрување од Министерството за образование, започнала изградба на училишна спортска сала од страна на градежната фирма "Пелистер". Направениот долг кој со камата наводно изнесувал 80 милиони денари, без никаков склучен договор со министерството за образование, фирмата ги наплатила веднаш по доаѓањето на владата на Црвенковски во ноември 2002 година.
БИРН ја истражуваше врската на бизнисменот Мицевски со владеачката ВМРО ДПМНЕ
БИРН истражуваше кои се бизнисмените од „бомбите“ на Заев и кои се нивните релации со претставниците од власта.
На вчера објавената „политичка бомба“ во Битола, можеше да се слушне разговор кој наводно се води меѓу бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на градежното претпријатие „Пелистер“ и Влатко Чингоски, поранешниот директор на ЕЛЕМ.„Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…“, вели Чингоски.
„Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово“, одговара сопственикот на „Пелистер“.
„Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме“, вели Чингоски.
Влатко Чингоски, поранешниот прв човек на ЕЛЕМ дојде на чело на компанијата кон крајот на септември 2006 година, веднаш по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби власта. Во 2012 година, тој се повлече од лични причини.
Токму ЕЛЕМ и градежната компанија на Силјан Мицевски, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, ги имаат склучено едни од најголемите тендери за јавни набавки во последниве 5 години вредни околу 100 милиони евра. Првиот, двегодишен договор на АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод – Гнеотино е со фирмата „Пелистер“ од Битола во 2012 година. Со овој договор се ангажираат работници и градежна механизација за ископ и транспорт на јагленот за 53 милиони евра. Другиот договор е за истата намена, но за периодот од 2014 – 2016 година. Со овој договор ЕЛЕМ ангажира од 450 до 550 работници и опрема за ископ на 3.900.000 тони јаглен. Овој договор тежи над 47 милиони евра, стои во истражувањето на БИРН.
Мицевски - најкрупна риба во Битола
Мицевски е прв човек на градежното претпријатие „Пелистер“, неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еуро фарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Тој е почесен конзул на Србија кој ја приватизираше градежната компанија Пелистер. Според информациите тој и неговата ќерка имаат низа компании на свое име , а во многу компании и се акционери.
Поседува голема градежна компанија која работи во Битолскиот регион ,а фирмите во Скопје на неговата ќерка се во сосема други полиња. Денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во Југозападниот дел и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Поседува недвижности во Битола,Охрид ,Скопје и други градови во Македонија.
Мицевски ги помага спортот и културата во Битола
Силјан Мицевски важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и и на голем број битолчани. Сопственик е на РК Пелистер.
На битолчани блиски до него им ветил дека во рок од две до три години Пелистер ќе ги достигне Вардар и Металург.
М.И.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




