СЈО ќе бара враќање во притвор на екс началникот Грујевски
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016
СЈО повторно ќе побара од судот да му изрече мерка притвор на Горан Грујевски кој ја извршуваше функцијата началник на Петтата управа во МВР, а е осомничен во повеќе истраги поврзани со уништување на опрема за прислушкување, пренесува Фокус.
Грујевски е и еден од обвинетите во првото поднесено обвинение од СЈО за уништување на класифицирани документи поврзани со уништувањето на опремата за прислушување во УБК.
За Грујевски имаше и сомнежи дека организирал следење на обвинителите од СЈО со бележење на нивните активности. Претходно судот му одреди притвор и тој беше преместен во истражниот затвор во Шутка но, по поднесената жалба беше ослободен.