СКОПСКИ САЕМ СО НОВ ГАЗДА: „ЕРА“ замина, нов сопственик „Кардфинанс“ од Бугарија!
Објавено во: Економија 11 Август, 2017 17:30
Словенците
си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ,
сопственикот на ЕРА Велење и Пилон
Самобор, ги продаде своите удели во
компанијата. Нов газда на Скопски саем
е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од
Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов.
Според информациите на Фактор, преговорите за продажба траеле подолго време, а целата бизнис зделка се официјализирала на 28 јули. Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.
Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.
Инаку, претходниот сопственик - Ера во Скопје требаше да гради трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Проектот „Ера сити“ беше најавен помпезно, а на удирањето на камен темелникот беше и тогашниот премиер Никола Груевски. Масивниот комплекс требаше да чини 150 милиони евра и беше инициран во 2008 година, кога започна изградбата на деловен објект од 33.600 метри квадратни веднаш до Скопскиот саем. Набрзо потоа градежните работи запреа, а проектот „Ера сити“ никогаш не беше реализиран.
Ј.М.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




