СО ЈУГО ТЕМПО ПРОТИВ МАФИЈАТА: Што поседува Љубомир Јовески, најсериозниот кандидат за Јавен Обвинител?
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2017 21:00
Двајца кандидати во трка за јавен обвинител. Елена Андреева и Љупчо Јовески добија зелено светло од советот на Јавни Обвинители.
Мислењето е доставено до Владата, која може најскорo, можеби и следната недела да го утврди кандидатот за Јавен Обвинител на седница и да го достави на гласање во Собранието.
Според сите очекувања нов Јавен Обвинител ќе биде Љубомир Јовески, бидејќи е кадар од обвинителството, на што инсистираа и странците, а освен тоа е доволно искусен да не подлегне на некакви притисоци. И Андреева има завидна кариера, но нејзината пред се се врзува со универзитетот, па оттаму упатените сметаат дека таа тешко да стаса до обвинителското столче.
Фактор ѕирна во имотната состојба на најсериозниот кандидат, Јовески (за Андрееска нема податоци), за да види од каква позиција можеби идниот обвинител, ќе бие битка со криминалниот октопод во земјава.


Се очекува Јовески или Андрееска да бидат избрани во текот на месецов а пред нив има исклучително тешки задачи, бидејќи според сите најави ЈО ќе преземе и дел од работите на СЈО, односно оние за кои СЈО не може по закон да поднесува обвиненија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




