Солунчев: Изборите нема да ги амнестираат вината и криминалот
Објавено во: Економија 04 Ноември, 2016
Oткако Диме Спасов, заменик министерот за труд и социјала, вчера призна дека тој го возел службениот „туарег" во петокот навечер, веднаш се сменија и исказите на двајца сведоци. Тоа го направиле и шоферот од Министерството за труд и социјална политика и сопатничката на Спасов.
Според Солунчев етиката е разбирлива низ автономни инстанци на одговорност, а такво нешто не постои ако постојано се затскривате зад народ којшто систематски сте го произвеле за сопствените потреби. Тоа според него го покажува сообрајќајката во која заменикот Диме Спасов со службено возило на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила, а потоа избегал од местото на настанот. Власта вели во сериозни демократски општества слободно ја прифаќа критиката на јавноста како дел од сопствениот живот.
“Човечките суштества се склони да
веруваат во лаги и илузии, ако така им е полесно. Ако ги навикнувате граѓаните
да гледаат турски серии (кои не се никаков репрезентатив на турската култура)
со повремен упад на вести што всушност се партиска пропаганда, и наликуваат на
серија, тогаш што да очекувате од тој народ. Убиена е во него основната антрополошка карактеристика, сомневањето. Го учите селективно да
се сомнева, да верува во лагата, а да се сомнева во вистината. Нека ми објаснат
како на мало дете: како е возможно изборите да се критериум за сите нешта, дека
некои се случиле, а некои не? Вистината е ствар на методологија на истражување,
научна, правна, философска. Не можат изборите да станат апсолутна инстанца оти
тие не се засновуваат на методологија на истражна постапка со која се утврдува
фактичката вистина. Толпата не гласа врз основа на автономија, туку во склад со
степенот на сопствената корумпираност и
калкулацијата на користа што ја има и би ја имала ако остане истата
власт“-вели за Фактор, универзитетскиот
професор Ристо Солунчев.
Во основа според него потполно отсуствува етиката, а целосно владее принципот на первертиран правен каузалитет во кој изборите стануваат замена за истражни органи што го дерогира целиот систем. Политичката криза е во директна релација со правната криза. А, таа вели не се решава на избори, туку може таму само да се суспендира, тоталитарно да се укине како криза.
“Во принцип власта има расчистено со етиката, таа не знае што е тоа етика, што е тоа етос, морал, тоа не е нејзин домен. Кога една држава се конституира, се востановуваат механизми кои во случај на отсуство на дејството на моралниот закон кај власта, функционираат како корективи за да ја осигураат рамнотежата во демократијата, како продолжен морал. Таква улога презема судството, но и зрелоста на јавноста. Судство не постои, оти тоа постои само ако е автономно, а јавноста е “оболена“ затоа што сте ги укинале сите услови што ја чинат слободна. Во основа не постојат автономните инстанции. Без нив просто по инерција се лизгате во тоталитарна ментална матрица, ако не во стварен тоталитаризам. Сета стварност е исцицана од партијата која што паразитира врз целото општество. Сето она што се случува деновиве, е само отелотворување и додаток на еден принцип кој власта го воведе, а јас тоа го нарекувам суспензија на правен каузалитет или воведување на первертиран каузалитет. Имено, сите министри, новинари, партиски чиновници, пропагандисти, постојано повторуваат едно нешто. За се, критериум се изборите.
Дали бившиот премиер чинел криминал? Ќе кажел народот на избори. Дали се крадело? Ќе кажел народот на избори. Дали Диме Спасов бил пијан и направил сообраќаен прекршок? Ќе просудел народот на избори. Не полицијата, истражните органи, судството, туку народот на избори. Тоа е укинување на правниот каузалитет и востановување на непостоечки каузалитет, една дебилна форма на квази-каузација. Како може народот да биде замена за професионален судски критериум? Ви фали премиса која докажува дека научната, правна и кривична методологија е погрешна а дека една целосно необразована толпа која што воопшто не е стручна во овие нешта, наеднаш станува врвна полициска и судска инстанца. Од друга страна постои и друг елемент. Имено, во сопствената пропаганда го внесоа и својот приватен живот. Чесноста, работливоста, демохристијанштината, го крепеа политичкиот легитимитет. Наеднаш истиот метод сега делегитимира, па затоа мора да раскажуваат повторно приказни за мали деца. Суспензијата на правниот каузалитет и митот за личната и партиската непогрешливост, стамено заснован и во историското ВМРО се начелата што ја креираат стварноста во која живееме” - објаснува професорот.
Според него етиката е разбирлива низ автономни инстанци на одговорност, а такво нешто не постои ако постојано се затскривате зад народ којшто систематски сте го произвеле за сопствените потреби. Тоа според него го покажува сообрајќајката во која заменикот Диме Спасов со службено возило на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила, а потоа избегал од местото на настанот. Власта вели во сериозни демократски општества слободно ја прифаќа критиката на јавноста како дел од сопствениот живот.
“Јас сакам да знам што некој министер направил и имам право на тоа. Тој е јавна личност, професорите се јавни личности и се подложни на јавна критика. Кога министерувате тоа има последици за цела јавност и цело општество и затоа одговорноста е поголема. Сега повторно прашањето за тоа што навистина се случило треба да се укине како нерелевантно на изборите. Тоа што победува одредена партија не значи дека народот стручно ја истражил вистината дали некој министер направил криминално дело или не, тука не постои никаков релевантен каузалитет. Гласањето за еден или друг не повлекува правна релевантност на гласот, политичката одлука не ја редуцира правната криза, туку само и понатаму ја продлабочува.”- додава универзитетскиот професор.
Оттука тоа што дел од граѓаните на избори повторно ќе ја дадат довербата за партијата на власт, тоа вели не е доказ дека нејзините функционери не правеле криминал. Не постои никакво логичко и каузално следствие помеѓу тие две нешта.
“Тој што го воспоставува или со сила се прави луд или не знае да мисли. Комотно, професорите од Економски факултет, ако беа дел од власта можеа да се водат по оваа логика. На прашањето дали сте примале мито, злоставувале студентки и студенти? Фино ќе одговореа: тоа ќе го каже народот на избори. Ако гласа за нас значи дека тоа не сме го сториле никако. И замислете, ова навистина поминува кај мојот многустрадален библиски македонски народ!? “ – нагласува Солунчев.
Излезот од политичката криза го гледа во суспензија на политичките партии на одредено време од политичката сцена на која треба да се обезбеди простор за експертска власт преку знаењето и искуството на стручни лица. Демократијата како систем има сериозни проблеми, а во Македонија нејзиното практикување последниве 25 години го уништи животниот полет на една нација која допрва требаше да се развива. Единствен проблем како што вели е колку системот кој со години е под силен притисок на владејачкото мнозинство може да ги исфилтрира и да ги извади професионалниците на површина и од друга страна колкумина од нив ќе сакаат да бидат дел од таков идеалистички потфат. “Можеби Левица би се нафатиле на такво нешто?“ Сепак дури и чистата промена, прекинот, на едно долгогодишно катастрофално владеење, завршува Солунчев, може да биде некаков нов почеток.
С.Б.