Спасовски: Полицијата професионално ќе си ја врши работата утре на протест
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016 17:14
За утрешниот собир на „Шарената револуција“ за поддршка на Специјалното јавно обвинителство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека полицијата професионално ќе си ја врши работата.
Додава дека без оглед кој протестира, полицијата треба да го одржува јавниот ред и мир и нормално треба да се почитува правото на протест.
„Јас очекувам дека професионално и до крај посветено ќе си одговорат на задачата сите професионални во МВР кои ќе бидат на обезбедување на овој протест“- кажа Спасовски.
Од „Шарената револуција“ на нивниот фејсбук профил најавија собир за в понеделник, во 17 часот пред Собранието за поддршка на СЈО.
Тие велат дека од одредени медиуми се врши линч врз СЈО.
„Истовремено, власта, со која се уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски“ - пишува меѓу другото на Фејсбук профилот на „Шарена револуција“.
Од „Шарена револуција“ истакнаа дека на СЈО му е потребна помош.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




