Според Коневски на Аеродром му треба искусен тим, за СДСМ тој манипулира со граѓаните
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2017
Коневски манипулира со граѓаните најавувајќи проекти кои како градоначалник има должност да ги изврши.
Ова е реакцијата на Општински Изборен Штаб на СДСМ во Аеродром по изјавата на актуелниот градоначалник Ивица Коневски.
„Аеродром мора да оди напред и тоа никој не може да го сопре – изјави Ивица Коневски, кандидат за градоначалник на скопската општина Аеродром кој третпат ја бара довербата на жителите да остане на оваа функција и да продолжи со своите зацртрани цели“, изјави Коневски кој смета дека на општината и е потребен искусен тим кој ќе се издигне над ситните популистички ветувања и расправи.
Според владеачката СДСМ во осум години Ивица Коневски направи катастрофални ДУП-ови преку кои настана градежен хаос.
„ДУП-овите на Коневски ја нарушија ружата на ветрот во општина Аеродром, на граѓаните им донесоа загаден воздух кој сериозно го загрозува нивното здравје, донесоа сообраќаен метеж, недоволни паркинг места, прекин во водоснабдувањето поради оптеретеноста од новите градби како и проблеми со електричното напојување“, реагираат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека новата локална власт во општина Аеродром предводена од СДСМ и Златко Марин, ДУП-овите ќе ги прави според старите шаблони и според потребите на граѓаните кои ги исполнуваат еколошките стандарди за зеленило по глава на жител.