Добивај вести на Viber
Србија според поскапувањето и зголемувањето на трошоците за живот се рекордери во Европа, пишува белградскиот весник „Вечерњe новости“.
Инфлацијата минатиот месец достигна 12,9 проценти и е највисока од април минатата година. Во вкупниот раст на цените најголем удел има поскапувањето на храната, чии цени според статистиката се за 17 проценти повисоки во споредба со истиот месец во 2011 година, пишува весникот.
Како што наведува весникот нема производ на кој што цената му отанала иста, а и без тоа Србија е поскапа од опкружувањето , посебно ако се направи споредба со просечната плата на граѓаните.
Статистиката покажала дека од минатата есен маслото поскапело 28,1%, месото 26,3%, рибата 17%, а млекото, сирењето и јајцата за 10,3 %.
Сепак најстрашно и рекордно досега е поскапувањето на месото, кое за 1 година бележи скок од 50% .
Просечната плата во Србија е околу 40 000 динари и според цените во продавниците само граѓаните, кои имаат приходи над просечните можат да ги задоволат сите месечни потреби, наведува весникот. Едно евро во Србија се разменува за 112 динари.