19 Декември, 2025
0.0995

Стопанска банка Скопје „мегала поликала“!  Профитот за пола година е 20 милиони евра

Објавено во: Економија 29 Август, 2016 08:16

Добивај вести на Viber

Банката на падот на приходите од камати во износ од 40 милиони денари одговорила со „Сатар стратегија“ на расходите за камати во износ од 140 милиони денари. Во првите шест месеци расте профитот, расте кредитирањето и растат нето приходите од камати. Веројатно инсајдерски информаци за ваков добар извештај возбуди некои инвеститори кои проценија да вложат во таа акција и нејзината цена на берзата во последниот период скокна за повеќе од 25 отсто Стопанска банка Скопје го задржува приматот на банка со најголем профит во однос на конкуренцијата. Официјалните податоци од финансиските извештаи покажуваат дека банката во првото полугодие годинава направила профит од 20 милиони евра, што е најголема вредност историски гледано досега. Во споредба со истиот период лани профитот е зголемен за 111 милиони денари (над 1,8 милиони евра). Од билансите е забележливо дека банката го одржува растот на нето приходи од камати при тоа држи резервации на безмалку исто ниво како и лани, а бележи силен раст во кредитирањето. Важно е да се истакне дека и кај оваа банка актуелен е трендот на пад на депозитите на други коминтенти, а тоа како што веќе пишувавме во најголема мерка е резултат на политичката криза и „полетните случувања„ кога имаше масовна појава на повлекување на депозитите која е завршена и беше интензивна, но краткотрајна појава. Од билансите на Стопанска банка се гледа дека нето приходите од камати за првата половина годинава изнесуваат 1,76 милијарди денари одно речиси 30 милиони евра. Во споредба со истиот период лани тие се поголеми за 109 милиони денари. Од ставките за камата е видливо дека банката во вкупниот приход од камати бележи мал поточно минимален пад во споредба со лани. Но затоа банката има солидно намалување на нејзините расходи за камати и тоа за 30 отсто во споредба со истиот период лани!!! Очигледно дека оваа банка многу добро го искористи трендот на пад на каматните стапки за штедење и за депозити. Разликата е во нејзината корист и изнесува над 140 милиони денари што е над 2,3 милиони евра помал трошок за банката. Наспроти тоа намалувањето на приходите од камати е околу 40 милиони денари што на 2,23 милијарди денари е помалку од 2 отсто. Втората по значење приходна ставка: надоместоци и провизии донела нето приход од 458,9 милиони денари што е само за 11 милиони денари помалку од лани. И тука банката држи одлично и тоа во услови на се поостра конкуренција која освен најголемите конкуренти НЛБ Скопје и Комерцијална банка е засилена со Охридска банка и особено со Халк банка. Банката за половина година има резервации за кредити на износ од 265,6 милиони денари што е приближно исто ниво како и лани. Многу значаен исчекор банката има во кредитирањето и тука растот во споредба со истиот период лани е 1,56 милијарди денари вбризгани во македонската економија веројатно најмногу во сегментот граѓанство и широка потрошувачка на производи и услуги. Нивото на кредити на 30 јуни годинава е 57,13 милијарди денари. Вложувањата во хартии од вредност бележат намалување за 760 милиони денари до ниво од 9,76 милијарди денари. И на крај како и сите други големи банки и Стопанска банка Скопје бележи намалување на депозитната база во споредба со првото шестмесечје лани. Годинава на крај на јуни нивото на депозити и заштеди е 65,5 милијарди денари и тоа е за 28,5 милиони евра помалку од заштедите лани. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка