19 Април, 2024
0.0311

„Стопанска банка Скопје“ се продава!? По која цена?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Дознаваме дека консултант во процесот на продажба е „Кредит Свис“, дека заинтересирана страна е голема меѓународна банка со седиште во Белгија и дека се преговара за цената на акција која нема да биде пониска од 1,2 пати од книговодствената вредност на обичната акција, што е стандард за добра банка во регионов

Доминантниот сопственик на „Стопанска банка Скопје“ е во сериозни преговори за продажба на оваа голема деловна банка и се очекува процесот да заврши до крајот на годинава. Консултант во процесот на продажба е реномината швајцарска банка „Кредит Свис“, а заинтересирана банка купувач со која се водат преговори е ремонирана голема меѓународна банкарска групација со седиште во Белгија, дознава „Фактор.мк“ од доброинформирани извори.
Според познавачите, веќе се договорени и маргините во кои ќе се утврди и цената по која ќе се продаде „Стопанска банка Скопје“. Минималната цена по која ќе се плати за секоја акција со право на глас во „Стопанска банка Скопје“ е најмалку 1,2 пати од книговодствената вредност на обичната акција на крајот од 2017 година. Според официјалните податоци објавени на интернет страницата на Македонската берза актуелната книговодствена вредност на акцијата на „Стопанска банка“ е 783,23 денари. Со оглед на тоа што оваа банка и годинава се очекува да ја заврши со добивка од околу 40 милиони евра, се очекува нејзината книговодствена вредност на крајот на годинава да изнесува за од 140 до 150 денари повеќе. 
Коефициентот 1,2 од книговодствената вредност е утврден како појдовна основа за финализацијата на преговорите. Заради тоа што плаќањето 1,2 пати на книговодствената вредност на акцијата стана правило при превземање на банки со квалитетни портфолија и значаен пазарен удел во земји од нашиот регион.

Истргуваните количества од акцијата на „Стопанска банка“ укажуваат: продажбата е извесна?!

Значајно се интензивираа количествата истргувани акции на „Стопанска банка Скопје“. Во втората половина на мај стана забележливо дека се зголемува квантумот на истргувани количетсва. Растичен раст на тргувањата имаше кон крајот на мај и почетокот на јуни. Истргувани се над 32.000 акции во десет трговски дена во две седмици од 29 мај до 9 јуни годинава. Акциите се тргувани во маргина од 940 до 965 денари за акција. Овие количества драстично се разликуваат од квантумите во претходните периоди. Слични растови на тргуваните квантуми имаше и лани во јули. По тоа почна да расте и пазарната цена на таа акција. Во декември лани банката објави бомбастична информација дека ќе дели дивиденда од над 150 денари во бруто износ за акција.

Просечна бруто плата на директор во „Стопанска банка“ е 7.450 евра месечно

Во својот годишен извештај за лани меѓудругото „Стопанска банка Скопје“ објави дека на своите 4 врвни директори кои се членови на Управниот одбор им исплатила вкупно бруто плата од 22,05 милиони денари односно околку 90.000 евра просечно по директор на годишно ниво. Тоа значи дека на месечно ниво просечната бруто плата по директор (член на УО) е околу 7.450 евра. За награди за четворицата директори банката лани исплатила уште 100.000 евра односно по 25.000 евра просечно по директор. 
Ова е цитат од годишниот извештај на банката:
Членови на Управниот одбор на „Стопанска банка Скопје“:
1.Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор;

2. Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор;

3. Милица Чапаровска-Јовановска, Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор; и

4. Теодулос Скордис, Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор.
Во 2016 година, вкупен бруто износ од МКД 28.194.417 (за плати МКД 22.052.886 и за награди МКД 6.141.531) беше исплатен на членовите на Управниот Одбор.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите