Стотина студенти измамени: Платиле да заминат на работа во Германија, останаа и без пари и дома
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017 15:15
Туристичка агенција измами околу стотина студенти ширум државата дека ќе им обезбеди работа во Германија, но за возврат студентите добија само лажни ветувања и изговори.
Студентите кои изгубија стотици евра денеска се собраа пред канцеларијата на агенција за посредување при работа во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија. Пред агенциите и во Скопје и во Штип тие наидоа на затворени врати и соопштение на кое пишува дека вработените се на годишен одмор.
Како што изјавија студентите лагата ја откриле на 15 минатиот месец кога требало да замине првата група.
Наместо тргнување, измамените слушале грст изговори, а првиот бил дека не пристигнале сите работни дозволи.
Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите.Се работи за агенцијата „Венера Кемаловски“ а беспомошните студенти го повикуваат господинот Емран Кемаловски,засега неостапен и скриен, конечно јавно да се произнесе за ситуацијата и да ја превземе во целост одговорноста за изиграните студенти.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




