СТУДЕН ТУШ ЗА КОСОВО: Повикот за признавање за БиХ е „промашена изјава”
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2017
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ја повика Босна и Херцеговина (БиХ) да ја признае независноста на Косово.
При поздравувањето по повод Денот на Бошњаците тој ја истакна потребата на босанското малцинство во Косово да ги повикаат властите во Сараево да преземат чекори за признавање на Косово.
Харадинај бара да се олесни движењето на граѓаните меѓу Косово и БиХ, откако ќе се признаат нивните возачки дозволи и други документи поврзани со патувањата меѓу двете држави.
Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, денеска објави дека БиХ не само што нема да ја признае независноста на Косово туку нема ни да го разгледува тоа прашање до крајот на мандатот на сегашниот Министерски совет на БиХ.
Црнадак изјави за агенцијата Фена дека повикот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да ја признае независноста на Сараево нема да има ефект и оцени дека тоа е „промашена изјава”.