30 Декември, 2024
0.0290

Судијката од „бомбите“ сепак нема да биде изземена

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека е одбиено барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска, која е назначена да постапува по обвинение на СЈО.

Таа треба да суди по првото обвинение на СЈО, во кое кривично се гонат седуммина вработени во УБК на чело со поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски. 

„Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање“ - стои во соопштението.

СЈО го поднесе ова барање откако  Петровска ги врати доказите за обвинението затоа што немале доставено акт за декласификација на документацијата.

СЈО поднесе барање за изземање на судија, затоа што постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори. 

Петровска беше спомената во „бомбите“ што ги објави опозицијата, од нејзината колешка Софија Лаличиќ, која на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков му објаснува како Петровска и подарувала накит „сваровски“ на претседателката на Кривичниот суд, Лидија Неделкова.  


Можеби ќе ве интересира

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти