Сузана Наумоска Изида: Основав бизнис кога сите се сомневаа и имаа предрасуди
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2018
Започнувањето на сопствен бизнис може да биде проследено и со многу предрасуди од самата средина и однапред осуденост на неуспех и неприфаќање, но доколку имате верба во својата понуда, како и иновативност, креативност и оригиналност постои голема шанса да ги пронајдете вашите клиенти и корисници. Таква е приказната на Сузана Наумоска од Охрид која пред дваесетина години го стартуваше првиот козметички салон со многу надежи и самодоверба, во време кога претприемништвото беше во самиот зародиш, а општествените услови многу тешки и непредвидливи. Денес брендот Изида може да послужи како пример за истрајност, а приказната на Сузана Наумоска ја претставуваме одблиску со цел да делуваме инспирирачки за сите кои сакаат да започнат свој бизнис.
Фактор: Како го започнавте вашиот бизнис, Охрид е најразвиениот туристички центар во Македонија, па како салонот за убавина Изида Спа се вклопува во оваа приказна?
Наумоска: Компанијата почна да работи во 1994 год. со козметички салон на изнајмен простор од 20 м2, со еден вработен козметолог- основачот. Во тоа време, капацитетот на работење изнесуваше еден клиент на час, а се нудеа десетина козметички услуги. Само по шест месеци, бизнисот почна да се развива по нагорна линија, бројот на клиенти се зголемуваше, бројот на вработените паралелно растеше, така што денес „Изида“ работи во сопствен простор од 120 м2 со деветмина вработени, со капацитет од 10-15 клиенти на час и со палета од над 100 понудени услуги.
Првичниот мал козметички салон прерасна во мини СПА- центар со најсовремена ИПЛ & ИРФ (ласерска радиофрекфентна) технологија и со стручен тим вработени: физиотерапевти, козметолози, естетичари. Последнава денеција козметологијата прераснува во барана професија, а козметиката станува дел од современото живеење. Козметичките салони и „Изида“ како лидер во регионот во оваа бранша, полека стануваат неразделен дел од севкупната туристичка понуда на регионот во велнес и спа.
Фактор: На што сте најмногу горда од досегашните постигнувања и што ве мотивира и предизвикува да продолжите со работа?
Наумоска: Започнувањето сопствен бизнис е придружено со ризици и со неизвесност, а во периодот на деведесеттите години малкумина беа подготвени да станат претприемачи и да одговорат на предизвикот за самовработување. Моето незадоволство од работата во државните институции ( лаборант во Општата болница во Охрид) , немањето можност за искажување на моите креативни способности, чувството за неискористеност на сопствениот капацитет и општата ограниченост, како во работењето така и финансиски, ме натераа на возраст од 21 година да започнам сопствен бизнис. Згора на тоа, успешното санирање на сопствениот проблем- акнозна кожа, како и траумите низ кои поминав обидувајќи се да ја санирам својата кожа, ме мотивираа да го пренесам моето искуство и да им помогнам на други. Со мал почетен капитал, со голема љубов и верба во козметиката, со поддршка од семејството, но судрена со голема недоверба и однапред осудена на неуспех од целото опкружување, започнав сопствен бизнис во козметиката под мотото на божицата Изида ,,Преобразба и плодност’’ (преобразбата како суштина во козметиката, а плодноста во однос на растежот на бизнисот) .
Фактор: Колку е тешко да се води бизнис во Охрид и општо во Македонија, кои се вашите досега најголеми пречки и што ве мотивира да продолжите понатаму?
Наумоска: Покрај вообичаените проблеми кои го следат започнувањето на секој нов бизнис, еден од главните проблеми со кои се судрив во периодот на деведесеттите години беше разбивањето на постојните клишеа, предрасуди и стереотипи и воопшто неприфаќањето на оваа професија во една мала средина. Погрешното сфаќање на важноста и видот на оваа професија, бараше дополнителни напори за да се истрае во процесот на промовирањето на козметологијата и многу умешност во креирање на пазарот.
Дали клиенти треба да бидат само жени, или и мажи? Што ке каже средината ако и тие се негуваат? Дали корисниците на услуги ке бидат етикетирани? Како да се подигне свеста во вистинската насока и оваа професија правилно да се разбере?
Повеќе од јасно беше дека треба да се работи на подигање на свеста за оваа работа.
Од друга страна, пак, влегувањето во секторот услуги со нова понуда, истовремено значеше и неможност да се црпат специфични информации за поставување и за организација на бизнисот по примерот „копирај од другите“. Непостоењето локални добавувачи на потребниот материјал и на опрема во тоа време создаваше дополнителни проблеми и бараше креативност во нивното разрешување.
Основен предуслов во истрајноста да се пласира нешто ново, е вербата во соствената успешност. Водена и мотивирана од девизата: „Човекот постигнува толкав успех, колку што очекува од себе си“, пристапив кон изнаоѓање начини за разрешување на проблемите.
За да се промовира козметологијата и за да се подигне свеста за нејзината важност и благодат за здравјето и убавината, започнав како уредник и водител на континуирана серија емисии на тема ,,Во светот на убавината’’, во партнерство со локалните медиуми.
Моите скромни посети на саеми и на конференции во најблиското опкружување во соседните земјси, односно во Софија и Белград, низ периодот се прошируваа во следење на најновите трендови кои се откриваа на саемите во Љубљана, Париз, Ница, Болоња... Контактите се ширеа а моите вештини се усовршуваа. Така, клиентите на Изида имаа можност да ги користат и најновите достигнувања во козметологијата без да патуват надвор од регионот. Денес поседувам над 30 лиценци и дипломи за работа и сум единствениот козметолог со мајсторска диплома од Занаетчиската комора, под покровителство на Комората од Кобленц (Германија).
Фактор: Преку вашата работа им помагате на клиентите да се релаксираат од секојдневните проблеми, но како вие самите постигнувате баланс меѓу приватното и деловното?
Наумоска: Моето живење и работење за сите кои ме познаваат е пример за неисцрна енергија и за креативност на жената. Жена, мајка, сопруга, пријателка, хуманитарка ( член на клубон ,,Lions’’ од Охрид) и над сето тоа успешен менаџер на сопствениот бизнис. Жена со челична рака и свилена ракавица- така ме нарекуваат клиентите. Зашто жената толку тоа го поседува – моќ во дејствувањето, челична дисциплина и сензитивност за потребите. Погледнете во себе и откријте ги Вашата моќ и енергија. Бидете креативна и откријте го светот на отворените неограничени можности.
Кога сум на работа знам да се одморам, а исто така кога излегувам низ Охридските улици работам. Со ништо не можам да го заменам богатството на животни приказни и ситуации кои што ги чувам како ризница од книги со непроценливо богатство. Светот дојде во Изида, а со тоа ги допрев сите култури, вери и животни ситуации коишто ме научија да избалансирам помеѓу приватното и деловното.
Фактор: Може ли да издвоите некој важен момент, совет или пак подадена рака кога ви било многу важно за унапредување на вашиот бизнис и како би ги советувале останатите жени, но и воопшти сите кои имаат претприемачки дух да ги препознаат можностите за сопствен бизнис?
Наумоска: Важен и интересен момент за мене беше коучингот со Ристо Иванов со ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact, по програмата за подигање на женско претриемништво. Интересен момент после 23 години работа, некој да го проследи вашето работење и да ги детектира грешките, а воедно и да настане и финансиски пораст на бизнисот. Ристо спомена дека е тешко да се работи со жена која немала директор, но сепак ми беше задоволство што поминав низ коучингот и им препорачувам сите да ги користат овие алатки бидејќи, ние од излагањето може да видете колку сме се мачеле да постигнеме резултати. Денес тоа е достапно уште во STARTT UP бизнисите. Она што за мене претставуваше веќе завршена можност за заработка, со Ристо се доживеа и повторен економски раст. Дистибуција на бизнисот во хотели и повеќе ценење на професија која не беше прифатена во мали градови.
Неочекуван момент за мене беше добивање на наградата „Жена на 21 век“ во Белград, 02.12.2017, наградата беше доделена во 25 категории и ја добиваат најуспешните жени од областа на: бизнисот, модата, електронските и печатени медиуми, медицината, уметноста, индустријата политиката козметиката , туризмот, угостителството, образованието...
Агенцијата „Аирли Ниво“ е единствената која е официјален организатор на изборот за најуспешни, најпризнати и најпочитувани жени на кои им припаѓа наградата – епитетот НАЈЖЕНА НА 21 ВЕК.
Манифестацијата „Најжена на 21 век“ е една од најпрестижните избори од овој вид во овој дел од Европа.
Фактор: Како успеавте да го развиете бизнисот со Изида Спа, колку се важни креативноста, упорноста и односот со клиентите, но и со самите вработени и ангажираниот кадар?
Наумоска: Периодот на транзиција во Република Македонија предизвика бран на затворање на постојни фирми со големи капацитети, а со тоа и висока невработеност. Со години излезот се бара во поттикнување на развојот на мали и средни претпријатија за кои основен предуслов, покрај правилната политика на владата на една земја, потребно е и присуство на претприемачки дух кај населението. Мал е бројот на оние кои со минимални финансиски инвестиции, но со голема креативност и работливост, во периодот од деведесеттите усеаја да формираат мали бизниси кои успешно опстојуваат и понатаму се развиваат. За жал, ова уште повеќе се однесува на женската популација во државава. Еден од клучните фактори за успеѓноста на бизнисто е моментот на реализирањето на новата идеја во вистинското време, ридружена со соодветни вештини и принципи во работењето. Да се открие можноста и таа да се зграпчи, во комбинација со осознаеноста на сопствените капацитети, сеуште е лимитирачки фактор за започнување нов бизнис.
Во периодот од 23 години, во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, според програма и учебник кои сама ги изработив, низ практична и теоретска настава под мое водство се едуцираа над 200 кадри од регионот. Често некои од нив се составен дел од тимот, но продолжуваат и со отворање свои бизниси . Конкуренцијата од ден на ден се зголемува , но тоа треба да се разбере како буден коректор на соствената развојна политика.
Од друга стана, пак, сопственикот на мал бизнис секогаш започнува како работник во својот бизнис, но за да се издигне на ниво на менаџер, треба да има способност да гради добри тимови на професионални луѓе, на кои ке може да ја потпре сопствената фирма. Оттука, особено внимавам новостекнатите знаења секогаш да им ги пренесам на моите кадри.
Работев и како едукатор за словенечката фирма „Искра медикал“ во регионот на Македонија, Албанија и Косово.
За создавањето на еден бизнис, најчесто ќе слушнете дека клучни се финансиските средства. Примерот на Изида покажува дека некогаш е доволен само мал капитал со кој ке се започне едноставно, а успешноста во работењето и менаџментот ќе го обезбедат неопходниот капитал за идните проширувања на бизнисот.
Мојата успешност и профилираноста на Изида во браншата на услушните дејности се должат на: лојалноста - како во приватниот, така и во деловниот свет, таа не може да се купи, туку треба да се заслужи. Верен клиент- богат влог за вашата иднина, или, Еднаш клиент- засекогаш клиент преку: висок квалитет на понудените услуги, индивидуален пристап- сите луѓе не се исти, позитивен пристап и умешност да се задоволат потребите и на најпребирливите клиенти, почитување на клиентот, првиот впечаток е поважен отколку што се смета, тоа се првите вибрации врз коишто луѓето започнуваат да ја градат довербата, правилно информирање и советување, следење на трендовите и држење чекор со времето, воведување нови услуги и модернизирање на опремата, квалитетни апарати и препарати за работа, атрактивност на ентериерот з работа и континуирани креативни промени, создавање сопствен бренд, добра организација на Компанијата и менаџмент на тимот.
Фактор: Кои се вашите клучни карактеристики со кои го градите бизнисот, по што би рекле дека сте препознатливи и колку е важна уникатноста за еден модерен претприемач?
Наумоска: Работните простории, стручноста на тимот, палетата услуги и проиводи и клиентите прават затворена целина, цврсто се меѓусебно поврзани и не функционираат ако еден од нив затаи. Нивната функционалност доведува до синергија.
Од една нова услужна дејност во деведесеттите, козметологијата денес е нераздвоен сегмент на живеењето и анимациите во туризмот. Стилот и начинот на живеење на современиот човек денес ја краираат побарувачката козметичките салони полека да прераснат во велнес- спа центри. Допирот на кожата прераснува во допир на душата.
Се надевам дека со имплементација на новите стратегии за развој, каде што туризмот е препознат како водечка индустрија во Охрид и во регионот, козметологијата како бранша ќе си го најде своето место во добивањето поддршка од локалната самоуправа и од другите туристички институции- организации.
Фактор: Во ек сме на празничната сезона, па секој сака да изгледа убаво и совршено, што вие би им препорачале на нашите читатели како сопственичка на салон за убавина?
Наумоска: Изгледајте блескаво од внатре и од надвор. За да го постигнете балансот на негувана кожа и исполнете душа , СПА Изида ви ги нуди најновите третмани за лице и тело со клетки од ледено вино, Тајландските мириси алицирани со бамбус на тело, третмани со тартуфи и злато кои ќе го надополнат вашиот сјај. Потонете во светот на ралаксација во вештите раце на стручниот тим кој што работи во Изида.
Фактор: Како ја развивате општествената одговорност во Охрид па и пошироко, на каков вид на проекти сте ангажирани и кои области според вас треба да добијат поголемо внимание од бизнис заедницата?
Наумоска: Соработката со средното училичте Св. Наум Охридски со козметичката паралелка каде сме вклучени во дуално образование и се трудиме максимално на нашите практиканти да им го пренесиме знаењето и вештините. За да ги покажат овие креативности им организиравме на 1-ви арил да се вклучат во нашиот ангажман со О.У. Св. Климент Охридски каде има паралелка на деца со посебни потреби да ги цртаме да го доживеат овој маскембал подееднакво со сите. Го проширивме ова на цело школо така што минимум 20 деца маскираат 150 деца. Готвење на храна во центарот ,,Зраци’’ исто така деца со посени потреби. Член на L.C. Desareti – Охрид, хуманитарна организација каде во тек на една година и претседател и организирани минимум 30 акции за помош на хендикепирани лица. Претседател на Т.К.Еден кој што го поттикнува бизнис секторот да се вклучи во стратегијата на развој на туризам на југозападен регион. Вклучени во многу проекти до сега, регионални и погранични. Општествената одговорност овде нема да застане,се надевам дека повеќе субјекти ке се вклучат во ваквите акции.
Автор: Христијан Станоевиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.