19 Декември, 2025
0.0391

„ТЕНДЕР ДРЖАВА“: Нетранспарентна процедура лани „изела“ 35 милиони евра од државната каса

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017 15:21

Добивај вести на Viber

Нетранспарентно се трошеле државни пари или државата лани купувала, градела и печатела преку нетранспарентни постапки . Ова е заклучокот кој го обелодени Центарот за граѓански комуникации.

Мониторингот на ЦКГ покажува дека институциите минатата година склучиле 605 договори за јавна набавка без објавување на оглас и потрошиле близу милијарда евра .

Според податоците на мониторингот највисок нетранспарентен тендер е на РЕК Битола со фирмата „Пелистер“, за ископ на јаглен. Тој тендер за јавна набавка имал вредност од околу 5,8 милиони евра.

„Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20 проценти повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД „Електрани на Македонија“ за ископ на јаглен и на јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра“, се вели во соопштението.

Нетранспарентни постапки се склучени и во 9 договори на Министерството за образование и наука за откуп на учебници за основно и средно образование и дополнителен дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2016/2017, во вкупна вредност од околу 10 милиони евра.

Мониторингот заклучува дека речиси секој трет тендер во Македонија е со еден понудувач.

Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери а се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот