19 Декември, 2025
0.0720

Три земји бараат Русија да го намали насилството во Сирија

Објавено во: Свет 30 Септември, 2016 16:38

Добивај вести на Viber

Воздушните напади на Русија и Сирија над Алепо се „варварски“, заклучиле претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор во четвртокот.

Сириската влада и Русија „носат одговорност за прекин на борбите во Сирија“, се согласиле двајцата лидери.

Меркел зборувала по телефон и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Тие постигнале согласност дека Русија носи посебна одговорност за намалување на насилството во Сирија. Малку порано канцеларката му се јавила на рускиот претседател Владимир Путин за украинскиот и сирискиот конфликт. 

Во меѓувреме, државниот секретар на САД Џон Кери разговарал по телефон со рускиот колега Сергеј Лавров за „кревкоста“ на примирјето во Сирија. 

Пред тоа Кери изјави дека САД се на прагот да ги прекинат преговорите со Русија. Москва ги предупреди Русите во странство да избегнуваат јавни места на 30 септември, бидејќи голем број на организации подготвуваат таканаречен Светски ден на гневот против ударите во Алепо.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела