Туристичката сезона во прашање: Ноќеска седум земјотреси во Охрид-граѓаните загрижени
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2017 08:55
Охриѓани се уште се мета на земјотресите.
Тлото продолжи да се тресе и ноќва.
Сеизмолозите регистрираа седум земјотреси а граѓаните не спиеја ни оваа ноќ.
Седум пати тлото во охридскиот регион се затресе а најсилното тресење беше со магнитуда од 4,2 степени по Рихтер четири минути по полноќ.
Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри.
Следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.
Над 1000 земјотреси се случија во изминативе дваесет дена во охридско-ресенскиот регион, а надлежните смируваат но не откриваат што е причината за толкуте земјотреси регистрирани во оваа околина.
Охриѓани пак покрај тоа што се вознемирени стравуваат дека овие непогоди ќе влијаат негативно и ќе се одразат на туристичката сезона од која многумина вадат леб за цела година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




