Добивај вести на Viber
Инвестиција вредна 15 милиони евра во Македонија ќе донесе турската медицинска компанија “Матек”.
Главна дејност на компанијата која е лоцирана во Анкара, е производството на технолошки медицински помагала.
-Компанијата ќе произведува високи технолошки медицински препарати како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови”, открива директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.
Компанијата “Матек” која е контактирана од економскиот промотер во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.
Најпрво се очекува компанијата да вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо теџнолошки медицински препарати. За неколку години бројот на вработени до би требало да достигне до 300 лица.