ТВРДОКОРНИТЕ В САБОТА ОРГАНИЗИРААТ МАРШ: Што бараат од власта?
Објавено во: Македонија 24 Август, 2017
Тврдокорните ќе организираат марш кој ќе се одржи на 2 септември, со почеток во 17 часот под мотото „Марш за аболиција на патриотите – Марш за будење на македонскиот народ”.
Според најавите на социјалните мрежи, протестот ќе почне од Соборниот храм преку Владата на РМ и ќе заврши пред Собранието.
„Ајде сите заедно да се спротиставиме на неправдите кон македонскиот народ кои континуирано се спроведуваат десетина години наназад, сите заедно да се спротиставиме на двојазичноста, да се спротиставиме на обидот во Македонија да се населат т.н мигранти, ајде да им ставиме до знаење на политичарите дека народот е тој кој одлучува за својата иднина, и дека народот нема да седи мирен додека некој се обидува да му го одземе и тоа малку што е останато и нераспродадено, да им покажеме дека и ние имаме ГОРДОСТ“ - пишуваат на Фејсбук.
Ги повикуваат сите искрени патриоти да им се придружат.
Оваа година беа актуелни со повеќе протести со кои бараа да се бранат македонските интереси.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.