УБИСТВО ИЛИ САМОУБИСТВО ВО КУМАНОВО: Увидот на полицијата завршен, телото на починатиот извадено!
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Како што информиравме, Куманово утрово го потресе немил настан.
Возрасен маж беше пронајден со прострелна рана во главата на скалите во зграда помеѓу вториот и третиот кат на булеварот „Октомвриска револуција“.Засега е познато дека увидот на полицијата е завршен, се работи за лице со иницијали К.Т. а телото на починатиот до кој е најдено огнено оружје пиштол е извадено од зградата во која живее и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски каде се случила трагедијата.
Станарите коментираат дека мажот не е нивен сосед и не живеел во таа зграда.
Полицијата не открива дали се работи за убиство или самоубиство, а дел од медиумите брифираат дека се работи за локален бизнисмен од градежниот бизнис кој најверојатно се самоубил. Но, тоа се тоа се неофицијални информации за кои МВР ќе соопшти подоцна.