09 Јуни, 2024
0.0265

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

Објавено во: Економија 14 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии,се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова,  Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски, претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Голем е интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат. Според поедините информации, на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост. 

Можеби ќе ве интересира

ФРАНЦИЈА: Mоментално штедат 85 отсто од граѓаните

ФРАНЦИЈА: Mоментално штедат 85 отсто од граѓаните

ТРГОВСКА РАЗМЕНА: Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Кина

ТРГОВСКА РАЗМЕНА: Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Кина

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Народна банка соопшти колку „тежат“

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Народна банка соопшти колку „тежат“

МАЛИ ПРИНОСИ ВО СВЕТОТ: Поскапуваат житарките

МАЛИ ПРИНОСИ ВО СВЕТОТ: Поскапуваат житарките

ДОЛАР И ЕВРО: Кој лидер ги нарече „токсични валути“?

ДОЛАР И ЕВРО: Кој лидер ги нарече „токсични валути“?

РУСИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Tриесет земји чекаат членство или партнерство со БРИКС

РУСИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Tриесет земји чекаат членство или партнерство со БРИКС

ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ - кој ги купи сите акции?

ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ - кој ги купи сите акции?

СЕ УВЕЗУВААТ ЕВТИНИ ЈАЈЦА ОД УКРАИНА: Ова ги загрижува Хрватите

СЕ УВЕЗУВААТ ЕВТИНИ ЈАЈЦА ОД УКРАИНА: Ова ги загрижува Хрватите

Галопира инфлацијата во Македонија, голем раст на цените во малопродажбата во мај

Галопира инфлацијата во Македонија, голем раст на цените во малопродажбата во мај