Утринско будење со земјотрес во Охрид
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2017 09:43
Земјотрес на исто место неколку дена по ред.
По речиси една порелативно мирна ноќ со само еден регистриран послаб земјотрес од 2.5 степени по Рихтер кој Охрид го стресол во 4.40 часот во раните утрински часови, тлото под нозете на Охриѓани затресе и половина час после осум.
Земјотрес од 2.6 степени по Рихтер е регистриран во 8.31 часот .
Според податоците на Европската сеизмолошка опсерваторија земјотресот бил со епицентар 7 километри од Охрид и 4 километри од Косел.
Да потсетиме дека тлото во охридскиот регион во последните две седмици е под постојано раздвижување.
Најсилниот земјотрес беше регистриран завчера во 13.18 часот со магнитуда од 5.0 степени.
Токму тој земјотрес ги остави Охриѓани без сон веќе неколку ноќи. Причинети се само неколку материјални штети, надлежните смируваат и повикуваат на смиреност со образложение и демант дека не се буди активноста на вулканот Дувало кај Косел како што се шпекулира.
Експерти на терен вршат испитувања што е причината за регистрираните илјадници земјотреси во регионот на Охридско.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




