28 Мај, 2024
0.0276

ВАКЦИНИ ПРОТИВ РАК И СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА ГОТОВИ ДО КРАЈОТ НА ДЕЦЕНИЈАТА: „За респираторните инфекции само една инјекција“

Објавено во: Македонија 08 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерен сет на нови вакцини за широк спектар на болести, вклучително и рак, велат експертите. Водечката фармацевтска компанија Модерна е сигурна дека вакцините против рак, кардиоваскуларни, автоимуни и други болести ќе бидат готови до 2030 година, пишува Гардијан.

Студиите се „многу ветувачки“, а истражувачите известуваат дека напредокот што претходно траел 15 години, сега трае 12 до 18 месеци, благодарение на успехот на вакцината против Ковид.

Д-р Пол Бартон од „Модерна“ верува дека неговата компанија за пет години ќе може да понуди терапија за „секакви болести“. Компанијата што ја создаде, како што се вели, водечката вакцина против корона вирусот, развива вакцини за рак кои се насочени кон различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси многу стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме на луѓето ширум светот персонализирана вакцина против рак против различни видови тумори“, вели Бартон.

Според него, бројните респираторни инфекции ќе бидат покриени со само една инјекција, така што ранливите категории на луѓе ќе можат да се заштитат од ковид, грип и респираторни вируси, додека технологијата mRNA ќе може да лекува ретки болести за кои во моментов нема лек. Терапиите засновани на технологијата на mRNA функционираат на тој начин што ги учат клетките како да направат протеин кој го иницира имунолошкиот одговор на телото против болести.

„Мислам дека ќе имаме терапии засновани на технологијата на mRNA за ретки болести за кои немаше лек и мислам дека за 10 години ќе живееме во свет каде што ќе можеме да ја идентификуваме генетската причина за болеста и, релативно едноставно“ користејќи технологија mRNA“, вели тој.

Но, научниците предупредуваат дека забрзаниот напредок од претходните три години ќе пропадне доколку не се задржи нивото на инвестиции.

„Во претходните месеци дознавме дека ако некогаш помисливме дека mRNA е само за заразни болести или само за ковид, доказите покажуваат дека тоа апсолутно не е така. Може да се користи за разни видови болести, рак, кардиоваскуларни, автоимуни, ретки болести. Имаме студии во сите овие области и сите тие даваат големо ветување“.

ФОТО: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Можеби ќе ве интересира

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието

КРМОВ ДО ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни за да ја земете најважната позиција во државата?

КРМОВ ДО ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни за да ја земете најважната позиција во државата?

АХВ ТВРДИ ДЕКА НЕМАМЕ КОНТАМИНИРАНИ СЕНДВИЧИ: соседите алармираат за заразена шунка со листерија

АХВ ТВРДИ ДЕКА НЕМАМЕ КОНТАМИНИРАНИ СЕНДВИЧИ: соседите алармираат за заразена шунка со листерија

„ПРАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ, РЕАГИРАЈТЕ, НЕ МОЖЕ ЏАФЕРИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР АКО МУ Е ВЕРИФИКУВАН МАНДАТОТ ЗА ПРАТЕНИК“ - критика од Најчевска

„ПРАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ, РЕАГИРАЈТЕ, НЕ МОЖЕ ЏАФЕРИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР АКО МУ Е ВЕРИФИКУВАН МАНДАТОТ ЗА ПРАТЕНИК“ - критика од Најчевска