ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна
Објавено во: Економија 19 Мај, 2024
Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна.
Курсот на еврото во однос на американската валута порасна за речиси еден процент. Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се намали за 0,9 отсто, па вредноста на еврото се зголеми на 1,0870 долари. Вредноста на доларот ослабе и во однос на јапонската валута, за 0,1 отсто, па неговиот курс се намали на 155,65 јени. Откако долго време зајакнуваше во однос на јапонската валута и достигна 160 јени, највисоко ниво во последните 34 години, јапонската централна банка неодамна интервенираше на пазарот и курсот на доларот се намали. Во последните седмици се движи во тесен опсег околу 155 јени.