(ВИДЕО) Бутарис нашата земја ја нарече Македонија?
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2017 19:57
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, денеска додека даваше изјава по средбата со премиерот Зоран Заев, ја нарече нашата земја Македонија.
„Се надевам и ќе го предложам тоа, следната средба на двајцата премиери, на Грција и на Македонија, да се случи во Солун“ – рече Бутарис.
Делот од изјавата погледнете го од видеото (подесено да започне на 8:30 од видеото).
Инаку Бутарис во 2013 година беше критикуван во Грција затоа што кажал дека во нашата земја се зборува македонски.
Истата година градоначалникот во Скопје одржа прес-конференција пред банер на кој пишуваше „Стопанската комора на Македонија“. Од Златна зора поради ова го нарекоа предавник.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




