(ВИДЕО) ДЕТЕ ГО ПРЕЖИВЕА ЗЕМЈОТРЕСОТ: За 30 секунди се урна училиштето, сфатив дека сите се мртви
Објавено во: Свет 21 Септември, 2017
Луис Карлос Томе е детето кое го преживеа земјотресот во Мексико откако се урна училиштето во кое тој учел во главниот град Мексико Сити.
Вели дека бил на час по англиски јазик, кога земјата почнала да вибрира.
Тој гласно викал дека земјата се тресе, но аларм не се вклучил, туку сите избегале надвор.
„Тогаш ја донесов најдобрата улога во животот. Не се свртев лево каде се урна, туку отидов десно со своите пријатели“ - вели тој.
Момчето и другарите трчале по скали, а гледале и како другите луѓе паѓаат по скалите.
„Кога излегов видов како училиштето се урива. За 30 секунди училиштето се сруши и не знам ниту како се спасив“ - додава Карлос Томе.
Момчето имало среќа и се спасило, а во земјотресот загинаа над 240 луѓе.