Видео Фактор24: Политичарите се лоши глумци и богати бизнисмени, народот на крај ги плаќа сметките
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017 11:06

Во најновото издание на Фактор24 начната темата за политичката бизнис елита во земјава и нејзината способност да носи правилни и корисни одлуки пред се за државата и граѓаните.

Кога една партија како со чадор штити одредени бизнисмени во клучни сектори се создава нелојална конкуренција, а потоа се остава пустош смета Кочо Анѓушев од Македонската енергетска асоцијација. Во период на екстремно ниски температури неопходен е увоз на струја за да се задоволат потребите на потрошувачите.

Дали ЕЛЕМ води паметна политика со капацитетите кои ги има на располагање или пак, токму на овој начин се отвара можност одредени приватни фирми да остварат екстра профит набавувајќи и препродавајќи струја на отворениот пазар. Дали наместо да се вложува во енергетски капацитет ЕЛЕМ треба да троши пари за забавни паркови и туристички локации. Што вели генералниот директор Христијан Мицковски на овие прашања еден ден пред СЈО да ја започне истрата „Тарифа“.

Соња Ристеска од организацијата „Аналитика“ открива клучни детали од истражувањето на енергетиката во Македонија, граѓаните се сепак енергетски сиромашни, нема доволно мерки за справување со оваа состојба.
Погледнете ја и новата ТВ колумна Факторизација на Христијан Станоевиќ, овој пат за се пократкото време кое Груевски и Ахмети го имаат на располагање за формирање на новата Влада, дали само ја тестираат јавноста или можно е мандатот да заврши во рацете на Заев.
Емисијата Фактор24 е проект на порталот Фактор во соработка со телевизија 24 Вести каде може да ја гледате секоја среда од 22:30 часот со Горазд Чомовски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




