(ВИДЕО) ЌЕРКАТА НА ЧАВКОВ: Татко ми е третиран како терорист
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Ќерката на приведениот Митко Чавков, Зорица Чавкова, во изјава за Телевизијата Нова вели дека е разочарана од односот на полицијата при апсењето на нејзиниот татко и дека не верува во правда и правна држава. Таа додава дека нејзиниот татко цел живот и кариера ги посветил во одбрана на својата земја, а сега е третиран како терорист.
„Рано утринава околу пет часот полицијата упадна во нашиот дом, направи претрес со безброј нерегуларности и го зедоа татко ми. Татко ми целиот свој живот го има посветено и целата својата кариера ја има поминато во МВР каде што посветено и пожртвувано се грижеше за заклетвата што ја имаше дадено дека ќе ги брани и чува законите и Уставот на земјава“ - вели таа.
Сите знаат дека пред три месеци има проблеми со срцето и се оперираше, не ни дозволија да им ја дадеме потребната терапија и покрај тоа што знаат дека со тоа се загрозува неговиот живот, додава таа.