Видео кое прикажува дека основачот на Плејбој Хефнер последните години ги поминал во тешки маки
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2017
Хју Хефнер почина во 91 година, а многумина тврдат дека неговиот живот бил целосно исполнет.
Меѓутоа, дека не е се како што изгледа говори и досега невидена снимка од Хефнер кој едвај оди и со помошно средство.
Видеото е направено во јануари оваа година, а прикажува како Хју ги испраќа гостите кои во неговата славна вила дошле на вообичаена филмска вечера. Овој голем обожавател на филмската уметност секоја недела во Плејбој вилата одржувал филмски вечери на кои се прикажувале класици, но и нови филмски наслови.
Ниту еден роденден на Хефнер не би поминал без прикажување на неговиот омилен филм Казабланка, а гостите би биле облечени во облека налик на онаа која се носела во четириесетите години на минатиот век.
Се зборувало дека Хефнер последните две години имал лоша здравствена состојба и дека поради тоа не излегува во јавност.
Последните недели се борел со бактериска инфекција која неговиот слаб имунитет не можел да ја надмине.
Видеото е обајвено од Дејли њуз.