Видео: Кривичниот суд „настрада“ во ноќна акција на Шарените
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Припадници на „Шарената револуција“ вчера извршиле герилска акција со боење на ѕидовите на Кривичниот суд Скопје 1 кој го сметаат за главен виновник за кочење на работата на Специјалното јавно обвинителство, а со тоа и процесуирање на сите кривични дела кои произлегуваат од прислушкуваните материјали.
Со оваа акција „Шарената револуција“ го најави и денешниот голем протест кој ќе се одржи во 17 часот пред Собранието на Република Македонија.