(ВИДЕО) Министерот на Ким ги обвини САД: Трамп прв и објави војна на Северна Кореја
Објавено во: Свет 25 Септември, 2017
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо изјавил денес дека претседателот на САД Доналд Трамп и објавил војна на неговата земја и дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки, вклучувајќи уривање на американски стратешки бомбардери, дури и ако не се наоѓаат во севернокорејскиот воздушен простор.
„Цел свет би требало јасно да памти дека САД се тие кои први и објавија војна на нашата земја“, рекол Ри.
„Бидејќи САД и објавија војна на нашата земја, ни ќе имаме секако право да преземеме контрамерки, вклучувајќи го и правото да урнеме американски стратешки бомбардери дури и кога не се внатре во границите на воздушниот простор на нашата земја“, истакнал министерот за надворешни работи на Северна Кореја.
Part 1 of #NorthKorea Foreign Minister speaking to press pic.twitter.com/cWi4LvZ5lF
— Minyoung Park (@minyoungpark) September 25, 2017