(ВИДЕО) Најчудна глетка по земјотресот во Мексико: Оваа улица изгледа како да дише!
Објавено во: Свет 21 Септември, 2017
Поминаа два дена откако Мексико го погоди силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 200 луѓе.
Последиците се катастрофални, материјалната штета е огромна бидејќи цели згради се уриваа во текот на потресот.
Меѓутоа, најинтересната снимка доаѓа од местото Морелос каде во една улица асфалтот се движел горе-долу, како да дише.
Едни луѓе само поминуваа преку улицата не посветувајќи внимание, додека други биле прилично изненадени од глетката. Локалците се собрале како би го набљудувале овој феномен. Се претпоставува дека после земјотресот ваквите поместувања на тлото не е сосема невообичаено.
Земјотрес со јачина од 7,1 степен, најтешко ја погоди областа Пуебла, каде загинале повеќе од 40 луѓе, а ширум Мексико починале најмалку 233.