(ВИДЕО) НАЈТАЖНАТА ПРИКАЗНА ОД МЕКСИКО: Најмалата жртва на земјотресот тукушто крстено девојче, црквата се урнала!
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Приближно 117 лица загинаа во главниот град, 39 во сојузната држава Пуелбла, 55 во Морелос, 12 во Мексико и едно во Гереру.
220 е најмалата бројка на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степен по Рихтер кој во вторникот го погоди централниот дел на Мексико.
Меѓу оние кои ги загубија животите има многу деца кои беа потрупани во урнатините на училиште во главниот град.
Најтажната приказна ја имала жртва од три месеци.
Девојчето само што било крстено во градчето Ацали, гратче во сојузната држава Пуебла, а потоа тлото почнало да се тресе и црквата се срушила.
Според информации од локални медиуми, во црквата се пронајдени 11 жртви од кои четири деца, а тројца преживеани лица дополнително починале во болница.
Преживеал само свештеникот.