(ВИДЕО) НОВО ВИДЕО ОД ДИНКО: Расправија со полицијата и забрана за снимање!
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016
Бугарскиот ловец на мигранти Динко Валев на социјалната мрежа Фејсбук објави ново видео во кое се слуша како се расправа со македонските полицајци кои вчера го запреа на границата и не му дозволија влез во земјава.
Динко беше запрен во мисијата да ја постави новата спомен плоча на паднатите борци на Кајмакчалан која беше уништена на денот на Независноста на Бугарија 22 септември од страна на новинарот Миленко Неделковски.
Во видето кое осамна денеска на профилот на Динко тој прашува кој е проблемот што надлежните не го пуштаат да влезе во Македонија, а тие со документи му приложуваат дека му е забранет влезот.
Потоа следи расправија во која полицијата му забранува да го снима разговорот, а Динко вели дека ќе продолжи да снима.
Во насловот на видеото Валев пишува дека почнал да снима зошто полицијата почнала да го тепа и удира.
После чинот на Неделковски се разгореа страстите меѓу двете соседни земји.
Клетви, закани и пцовски „летаа“ и од двете страни .
До каде ќе ја донесе добрососедската политика овој чин останува будно да ја следиме состојбата.